ИЗЛЕЗНОСТ ДО 10 ЧАСОТ: Најмногу гласале во Прилеп, најмалку во Арачиново
Државната изборна комисија (ДИК) ја објави излезноста на првиот круг од петтите претседателски избори во Македонија до 10 часот утрово. Излезноста на ниво на Македонија е 9,16%, односно гласале 139.846 гласачи, објави ДИК, нагласувајќи дека сеуште не се пристигнати податоци од сите избирачки места.
Според информациите на Централната изборна комисја, излезноста е најголема во Прилеп каде што гласале 8503 гласачи или 15,43% од вкупно запишаниот број на избирачи. Во Битола е забележан одзив од 13%, Струмица 10,81%, Штип 13, 94%, Гази Баба 9,21%, Куманово 7,37%, Велес 14,59%, Аеродром 10,47%, Центар 10,8%, Ѓорче Петров 10,59%.
Најслаба е излезноста во Арачиново, каде што до 10 часот гласале само 80 гласачи или 0,92% од вкупно запишание во избирачкиот список. Ниска излезност е забележана и во Врапчиште 1, 11%, Центар Жупа 2, 24%, Тетово 3,7%.
Според ДИК, засега не се забележани нерегуларности, а сите избирачки места утрово биле навреме отворени.
Слично
