ИЗЛЕЗИ ЗА ВОЗДУХ: Во 17 часот протест пред Влада
Дваесетина граѓански здруженија, денеска во 17 часот ќе излезат на протест пред Влада, поради енормното загадување на воздухот.
Под мотото „Излези за воздух”, тие ќе бараат од властите да преземат конкретни мерки за превензија од загадувањето.
„Наместо да си ја префрлаат топката, Владата, МЖСПП и локалните самоуправи на загрозените општини треба итно да реализираат кризни, краткорочни мерки, а истовремено да работат и на долгорочни, стратешки мерки кои ќе превенираат вакво енормно загадување. Со други зборови, Владата, МЖСПП и општините не треба да бидат само декларативни „пожарникари“ против аерозагадувањето, туку треба да работат на спроведување на итните мерки и на превенција, рекоа организаторите.”- велат организаторите.
Еколошките организации велат дека владините мерки против загадувањето се козметички, наместо суштински. Критикуваат и што мерките во најголем дел се препораки кои никој нема должност да ги почитува.
