„Излези, народот те бара“- му порачаа демонстрантите на Груевски
„Излези, народот те бара“- му порачаа демонстрантите од „Шарена револуција“ на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Тие извикуваат „Шутка не ти бега Никола“. Демонстрантите стигнаа на раскрсницата пред зградата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, каде ги запре кордон полицијата.
Вечерва беше обоено Министерството за правда, а полицијата го запре комбето на „Шарена револуција“. Демонстрантите велат дека борбата за правда во државата продолжува. Се протестира веќе 80 дена.
Протестите почнуваат вообичаено пред Специјалното јавно обвинителство.
Слично
