Излезе банкнота со ликот на Черчил
Првата пластична банкнота со ликот на Черчил денеска е пуштена во оптек во Велика Британија.
Банкнотата со ликот на британскиот лидер од Втората светска војна, Винстон Черчил официјално беше претставена на 2 јуни.
Се предвидува новите банкноти од 5 фунти да излезат во 440 милиони примероци, соопшти централната Банка во земјата.
Централната банка уште во 2013 година најави дека Черчил ќе се печати на следниот апоен од 5 фунти, којшто пак, треба да биде од пластика.
Полимерските пари ќе бидат посигурни. Нив потешко ќе можат да ги фалсификуваат.
Слично
