Економија, финансии, бизнис

Контакт

Излез од кризата на улица или во Виена?

Излез од кризата на улица или во Виена?

Антивладини протести ширум Македонија. Граѓанската иницијатива „Протестирам“осми пат по ред го исфрли револтот, со поддршка на здружената опозиција против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги помилува вмешаните во аферата „Прислушување“ со општ акт на аболиција.

Масата со демонстранти во Скопје, Битола, Струмица, Велес, Охрид, Кавадарци и Кочани ... истрајуваат на барањата за оставка на Иванов, повлекување на одлуката за аболиција на осомничените политичари, одложување на вонредните избори закажани за 5 јуни, формирање на техничка влада која би подготвила слободни и кредибилни избори.

Во главниот град како и претходните денови така и синоќа протестниот собир, преименуван  во „шарена револуција“ почна со поддршка на Специјалното јавно обвинителство, а потоа е продолжен со протетстен марш до зградата на парламентот, Владата и други институции.

Илјадници демонстранти скандираа „Нема правда , нема мир“, „Оставка“, „Вратете ги парите“, „Криминалци на суд“...Огорчената маса на демонстранти со кеса со бои го „бомбардираше“ плоштадот и спомениците.

Во црвена фарба е обоен споменикот на Прометеј во паркот „Жена борец“ преку патот на Собранието, во знак на протест против контроверзниот проект на „расипничкиот режим“ на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за антиквизација на главниот град Скопје 2014“.

Земјава се наоѓа пред многу опасно искушение во ек на заострена политичка криза, во страв од можни граѓански судири, пресметка на масата во антивладини граѓански протести, поддржани од здружената опозиција и приврзаниците на власта во контрадемонстрации за поддршка на владеачката ВМРО-ДПМНЕ“, формално организирани од Граѓанското движење за одбрана на Македонија ГДОМ. Се предупредува на опасност која се заканува бидејќи двата собири се закажани за вечерва на иста локација-пред Собранието во Скопје.

Четвртокот би требало да биде и ден на расплетот на можни (не)исполнети предуслови за нова рунда на политички преговори на партиите.

Лидерот на опозицијата Заев во средата децидно го услови заминувањето на преговори во Виена, со претходно повлекување на одлуката на Иванов за аболиција на осомничените во аферата прислушување.  Истовремено бара претседателот на распуштениот  парламент Трајко Вељаноски да закаже седница и да ги откаже закажаните вонредни избори за 5 јуни.

Заев рече дека нема да учествува на разговорите во Виена за можни компромисни решенија за излез на земјата од кризата (која ја иницирала ЕУ и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан), доколку не бидат исполнети споменатите клучни предуслови „дома“.

Тој во Скопје повтори дека до изборите мора да биде темелно и целосно пречистен избирачкиот список, спроведени реформи на медиуите и утврдена одделеноста на државата од владеачката партија. Во спротивно, изборите нема да бидат регуларни и фер.

Покрај Груевски присуство во Виена потврди и лидерот на ДУИ  Али Ахмети. Челникот на опозиционата ДПА Мендух Тачи уште не се огласил по тој повод, иако во Виена се очекува „спас“ на постоечкиот договор од Пржино со кој земјата би се извлекла од длабоката и опасно оддолжена криза.

Слично

Поврзани вести