ИЗЛЕГУВААТ ОД ВЛАДА: Техничките министри на СДСМ поднесоа оставки
На прес конференција пред Владата на РМ пред малку излегоа техничките министри на опозицијата.
Министерот на МВР Оливер Спасовски во име на СДСМ и сите министри и дополнителни министри соопшти дека сите тие депонирале условени оставки на функциите кои бараат да се активираат доколку Собранието вечерва се самораспушти.
Доколку Собранието вечерва се распушти, тие ќе бараат претходно да им бидат констатирани оставките.
„Согласно договорот од Пржино, владата во која што учествуваме се формираше за да се реализираат фер и кредибилни избори откако ќе се исполнат сите точки од овој договор, изјави Спасовски, образложувајќи дека во земјава нема услови за фер и демократски избори на 24 април што било потврдено и од ЕУ и САД.
СДСМ нема да учествува на нефер и некредибилни избори кои ги најавува ВМРО-ДПМНЕ рече Спасовски.
