Економија, финансии, бизнис

Контакт

Излегува ли автомобилската индустрија во Македонија од криза?

Излегува ли автомобилската индустрија во Македонија од криза?
Автомобилската индустрија судејќи  според статистиките во продажбата во изминатите години на светско ниво поминуваше низ најголемата и тешка криза која не се памети во последните неколку децении. На секаде низ светот големите автомобилски компании во текот на последните 3 години, започнувајќи од 2010 кога се бележи и стартот на кризата најавија драстичен пад на продажбата на новите автомобили, намалување  на бројот на вработени и затворање на производствени капацитети. Пропорционално ефектите беа пренесени и во Македонија, каде падот на новопродадени возила беше најдраматичен во 2012 година со 33.49% пад во споредба со 2011. -Во периодот на светската економска криза за Македонија беше и сеуште е важно детално да се следат светските трендови и да се развиваат добри и доволно флексибилни стратегии како на најдобар начин да се прилагодиме на новонастанатите услови, но и однесување на посткризниот купувач. На глобално и локално ниво ФОРД не престана со иновации и подобрувања на производите, водејќи проактивна и директна комуникација со пазарот. Не беше лесно, но од денешна гледна точка може да бидеме задоволни дека одржавме солиден процент на продажба на автомобили и во време на криза”, вели Дарко Димовски, генерален директор на Форд, МИ-ДА Гранд Моторс. Психолошката рецесија која владее кај купувачот е главната причина за глобалниот пад на продажбата на автомобили. -Намалениот интерес за купување на нов автомобил кога во целиот свет владее “паника” од кризата е сосема очекуван. Но, во голема мера кај нас влијание имаат и намалената ликвидност на стопанството во целина, рестриктивната кредитна политика на финансиските институции и дозволата за увоз на половни автомобили, врз одлуката дали да се купи нов автомобил. Кога ќе се подобри стандардот на граѓаните секако дека ќе се зголеми и продажбата на нови автомобили”, додава Димовски. Она што го буди оптимизмот за 2013 година па понатаму е позитивниот тренд што го индицира првиот месец од оваа година кој споредбено со јануари 2012 бележи пораст од вкупно 14,32%. Се чини дека купувачите во голема мера покажуваат склоност кон најновите модели од 2012 и 2013 година – новиот B-MAX, Fiesta, Kuga и секако Focus што пак е резултат на истражувањата, постојаното вложување во брендот и доследната комуникација со возачите на Форд.  
Слично

Поврзани вести