Економија, финансии, бизнис

Контакт

Излечено бебе заразено со коронавирус во првата недела од животот

Излечено бебе заразено со коронавирус во првата недела од животот

Бебе кое во првата недела од животот се заразило со корона вирусот успешно е излечено во Клиничкиот центар во Ниш, потврди координаторката за детските ковид болници и директорка на Клиниката за детска хирургија на КЦ Ниш, Анѓелка Славковиќ, пренесуваат српските медиуми.

Таа вели дека бебето старо само седум дена со симптоми на Ковид-19 било донесено во болница од своите родители, и по утврдувањето на присуство на вирусот, тоа и било хоспитализирано.

Бебето не било во тешка состојба, редовно примало терапија и по две недели немало никакви тегоби. Последниот тест бил негативен. Сепак возраста била проблематична.

Во оваа болница во последните недели се породиле три трудници позитивни на Ковид-19 но новороденчињата биле негативни. 

Слично

Поврзани вести