Изгуби важна битка: Адидас не успеа да го заштити логото
Европскиот суд донесе пресуда против германскиот произведувач на спортска опрема Адидас во долготрајниот спор околу логото со три ленти.
Судот заклучил дека не е доволно специфичен за да ужива правна заштита. Адидас може да се жали на пресудата на Европскиот суд на правдата.
-Жигот не e шематски приказ на низа елементи кои се повторуваат во правилни интервали туку обична фигуративна ознака-напишал судот во соопштението-пишува Пословни дневник.
Пред објавата на пресудата застапниците на Адидас нагласиле дека конкретниот пример се однесува само на една верзија на логото со три ленти. Оваа пресуда нема да влијае на опсежната заштита на други облици на логото со три ленти низ институтот на жигот на производот.
Во 2014 година Заводот за интелектуална сопственост на ЕУ го регистрирал производниот жиг на Адидас кој го сочинуваат три паралелни црни ленти на бела позадина.
Две години подоцна ЕУИПО ја поништил одлуката за жиг врз основа на приговори на белгиската компанија Shoe Branding Europe дека не е доволно специфичен.
Адидас се жалел на таа одлука. Германија и белгиската компанија со години се спорат околу логото со ленти, бидејќи белгиската компанија сака да користи лого со две ленти.
