Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Изгубени“ во образованието…

„Изгубени“ во образованието…
Притисокот врз Владата и Министерството на образование од ден во ден се повеќе се зголемува. За студентската автономија колку и да не сакаат да информираат провладините медиуми,  се случува и регрутира се поголемо членство. И со ваков развој на настаните, министерот Адеми сеуште без конструктивно предлог решение. Најквалитетното што имаше да го предложи, дури не наидe ни за потребно да биде коментирано од страна на студентите. „И понатаму стоиме на ставот дека мора нешто да се преземе во високото образование. Тоа е заедничка констатација и од состаноците што ги имавме со претставниците на универзитетите. Нема да се повлечеме од појаки критериуми за професорите, нема да се повлечеме од контролни механизми за проверка на знаењата на студентите. Дали тоа ќе биде државен испит, дали ќе биде некоја друга форма, меѓутоа мора да има правни механизми кои ќе ги проверуваат знаењата на студентите, е ставот на министерот  Адеми, кој неможе да разбере дека одамна државниот испит и импакт факторот не се единствените проблеми. Врв во несериозниот пристап кон проблемот во високото образование е Ректорот на УКИМ кои сеуште неможе да разбере зошто студентите прогалсуваат Автономија на факултетите. „Во овој момент мислам дека бојкотот во оваа форма која се спроведува не е потребен, не можам да го разберам лично затоа што ако се бараше одложување на Законот таквото барање се доби. Тоа што моментално се случува не е добра работа.“ И деканите на факултетите барем таму каде што имаат храбрст да се произнесат, без сенс за проблемите со кои се соочува високото образование.  „Сметаме дека студентите имаат право да протестираат и на различни начини да ги изразат своите ставови. Но веруваме  дека проблемот треба да се решава институционално“. Па да можеа проблемите да се решеваат инстуционално, студентите немаше да ги освојуваат териториите кои природно ним им припаѓаат и да бараат повлекување на законот. За разлика од сите „изгубeни“ во овој галаматијас наречен македонски високообразовен систем, самоосвестените студенти со јасен став –„окупацијата ќе трае до исполнување на барањето за итно одложување на спроведувањето на новиот закон, и создавање на ново законско решение, најрано до 2018 година“. Студентскиот парламент при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кој има имаа индиферентен однос кон  случувањата во високото образование , соопшти дека нема да ја поддржи окупацијата на Универзитетот. Оттаму повикуваат на воздржаност и уверуваат дека сакаат борбата да ја водат на институционален начин. За понеделник министерот Адеми најавува работни групи, во координација со деканите. Тоа е неговиот план. Но грешката е очигледна, и овојпат министерот крои план без да ги праша студентите, оние вистинските , кои се сензитивни на неправда, кои се одважни и кои знаат дека висината на квалитетот не кореспондира со висината на стравот . Но како што тргнале да се развиваат настаните се поочигледно е дека Адеми ќе мора за догледно време да ретерира, не со одлагање туку со целосно повлекување на законот. А само во тој случај , студентите ќе ги отстапат окупираните територии и  Ректорот на УКИМ нема повеќе да има потреба да се чуди , што тоа се случува во неговиот двор.
Слично

Поврзани вести