ИЗГУБЕНИ, РАЗДЕЛЕНИ, БОЛНИ: Илјадници мигранти ги чекаат хероите на добрината!
Илјадниците мигранти кои ја поминаа и уште толку кои чекаат да влезат во земјава носат своја животна приказна-но ниедна не е среќна и хармонична, туку неизвесна и потресителна-велат хуманитарците кои секојдневно на терен работат со нив. Околу 120 млади волонтери на Црвениот крст поделени во неколку мобилни екипи се распоредени во реоните на Гевгелија и Куманово, кадешто има најголема потреба од помош и концентрација од бегалци. Ова велат не е криза, туку состојба во која мора да им се помогне на луѓе кои не по своја вина се нашле на далечен пат полн со страв и неизвесност.
“Црвениот крст со своите 4 мобилни екипи, составени од две медицински лица и возач,односно вкупно 12 лица, секојдневно во две смени до 23 часот, присутен е на железничките станици во Гевгелија и Табановце, каде пружа прва помош на сите лица кои имаат потреба од истата, а особен акцент се става на малите деца и трудниците. Најчесто луѓето се омалаксани и истоштени, имаат потреба од храна и вода, облека, имаат повреди по екстремитетите. Дел од лицата се жалат на настинка, главоболка, покачена телесна температура. Посериозните случаеви се транспортираат до гевгелиската општа болница и по укажаната медицинска помош се враќаат на железничката станица. Кај ниту едно лице не е евидентирана потреба да биде хоспитализирано”-вели Сузана Тунева Пауновска –генерален секретар на Црвениот крст.
Во овие миграциски движења, според неа очекувано е да има изгубени и разделени семејства, малолетни деца и непридружувани малолетници, трудници, изнемоштени лица. Досега имаат 22 барања за исчезнати лица. Четири од нив се успешно решени.
“Неможе да ви биде сеедно кога на терен гледате како мали деца, трудници, инвалиди се мачат со една торба во рака да најдат подобро и помирно место за живеење, кога сакаат по секоја цена своите блиски да ги видат на безбедно, а притоа се изложиле на вистинска голгота. Ние во себе го преживуваме секој момент на тага и молба да им се помогне, но на терен гледаме да делуваме професионално и брзо. Им се пружа прва помош, најчесто се тоа повреди на зглобовите, нозете и рацете, кожни инфекции, рани. За посериозните случаи или хронично болни со посериозна здравствена слика ги упатуваме во здравствените центри. Мислам дека успешно се справуваме на терен”-вели Тунева-Пауновска.
Измените на законот за азил со кои мигрантите може да користат и јавен превоз им го намалија уморот и времето за транзит низ земјава но не и маките. Голем број од нив неможат да ја минат границата, други сеуште живеат во лоши и нехумани услови во прифатниот центар во Гази баба.
“По донесување на измените во законот за азил и привремена заштита, лицата кои транзитираат низ земјава се во подобра здравствена и психофизичка состојба. Пред измените, нашите мобилни екипи дневно имаа во просек по 470 интервенции, а во последните две недели интервенциите во просек од 150 до 200 на ден. Наш лекар е присутен и во прифатниот центар во Гази Баба, каде секојдневно пружа примарна здравствена заштита на лицата сместени во истиот. Има мало подобрување на хигиената таму, по потреба се дистрибуираат лекови и други медицински помагала. Обезбедуваме и дополнителна храна и хигиена за екстремно ранливите лица, бебиња, мали деца, трудници”-нагласува Тунева-Пауновска.
Мобилните тимови вели досега имаат доставено храна и вода и во меѓузоната. Состојбата вели засега е под контрола, но нималку не е лесна и едноставна, бидејќи хуманитарците неможат да прават чуда, туку сакаат да помогнат и да ја ублажат и онака тешката состојба на овие луѓе. Тоа што секојдневно ги гледате и ја преживувате секоја нивна мака, според неа е дополнителен мотив да се издржи и во вакви моменти.
“Вкупно 120 волонтери од 6 општински организации на Црвен крст се постојано вклучени во сите активности кои организацијата ги имплементира за ублажување на состојбата. Ние сме организација која делува во чекор со потребите на терен, и во секој миг реагираме онака како што наложува ситуацијата, а во интерес на ранливите лица и нашата мисија. Продолжуваме со активна соработка и со другите институции бидејќи сметаме дека само со заедничко и координирано делување ќе успееме да обебзедиме достоен, хуман и безбеден транзит на лицата низ нашата земја”-завршува Сузана Тунева-Пауновска.
С.Б.

Слично