Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изградбата на постојани ИБМ објекти ќе почне на почетокот од 2014 година

Изградбата на постојани ИБМ објекти ќе почне на почетокот од 2014 година

Работните групи на Приштина и на Белград за имплементација на Интегрираното управување со границата меѓу Косово и Србија вчера во Брисел разговараа за изградба на постојани ИБМ згради на сите шест погранични премини. јави денеска Анадолија.

Постојаните згради треба да бидат поставени точно на граничната линија меѓу Косово и Србија. Нивната изградба е предвидена со Техничкиот протокол од договорот за ИБМ, кој е потпишан од страна на Владата на Косово и на Србија.

Изградбата на постојаните гранични премини ќе ги финансира Европската комисија, која најави дека до крајот на годината ќе биде завршен тендерот, а на почетокот од 2014 година да почне нивната изградба.

Слично

Поврзани вести