Изгоре фабриката Винчини во Виница, неизвесна судбината на најмалку 400 работници
Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески синоќа бил известeн од сопственикот на Макпрогрес Виница, Глигор Цветанов, дека во фабриката има пожар. Од Стопанската комора на РСМ информираат дека веднаш била алармирана Владата, премиерот, како и вицепремиерот и министер за транспорт и дека три клучни погони се целосно уништетни.
„Стопанската комора изразува жалење за ваквата трагедија која ќе остави длабока трага врз работењето на една од најуспешните извозни компании во Македонија, во групата на најпознати компании во кондиторската индустрија, препознаена по брендот „Винчини“. Макпрогрес Виница е истакната наша членка која предничи со своите активности и во работењето на Комората, и во градењето деловен амбиент во државата. Членови на сопственичката структура секогаш се наоѓале во врвот на раководството на Стопанската комора“, информираат од таму.
