Изгоре фабрика за био гориво во Струмица
Целосно изгоре фабриката за производство на биодизел гориво во близина на Струмица, на магистралниот пат кон Радовиш. Погонот, кој се наоѓа во индустриската зона Василево, целосно е опожарен, а изгоре и еден од резервоарите за гориво. Материјалната штета е огромна.
Во пожарот нема повредени, а вработените кои биле на работните места поминале само со ситни гребаници и навреме успеале да го напуштат објектот.
„Во гаснењето на пожарот учествуваа 16 пожарникари и пет противпожарни возила. Стигнавме за 5 до седум минути и извршена е брза локализација на пожарот. За среќа нема повредени, а во гаснењето користивме и пенило за брза локализација“, рече Мијалче Крстев, командир на ТППЕ Струмица.
Допрва ќе се утврдуваат и причините за огнената стихија која ја проголта фабриката.
Слично
