ИЗГЛАСАНИ КОРЕКЦИИТЕ НА Законот за буџети-Што значи тоа?
Владата без „амин“ од собранието ќе одлучува за префрлање пари во кризни состојби. Ова беше одлучено денеска со корекциите на Законот за буџети кои ги усвои Законодавниот дом.
Што значи тоа?
Накратко, Владата без ребаланс на буџетот, и без одобрение од Собранието ќе може да прераспределува 5% од буџетот за време на непогоди.
Во Собранието денеска власта и опозицијата расправаа за уставноста на оваа определба.
СДСМ тврди дека станува збор за износ од 150 милиони евра и дека Владата со овој предлог директно навлегува во надлежностите на Собранието, додека власта тврди дека тие не можат да надминат 85 милиони евра, образложувајќи дека законот прецизно го дефинира максималниот износ на буџетската резерва.
За предлогот зелено светло дадоа 47 гласа „за “ и 23 „против“, а во законот и понатаму ќе остане определбата, постојаната и тековната буџетска резерва да не можат да надминат 3 насто од вкупните тековни расходи на основниот буџет.
