Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изгласан законот за отпис на долгови, Зеќири смета дека со овој закон се поттикнува даночната евазија

Изгласан законот за отпис на долгови, Зеќири смета дека со овој закон се поттикнува даночната евазија
  Со 58 гласа ЗА е изгласан законот за отпис на долговите на компаниите кои имаа обврски за камати по основ на Пензиско и инвалидско осигурување. Пратеникот Изет Зеќири остро се спротивстави на донесувањето на овој закон. - Ова е дискриминација на фирмите кои редовно си пплаќаат. Се поттикнуваат елементи на фискална евазија, да одбијат да плаќаат во иднина, бидејќи ќе очекуваат нова ваква мерка и затоа може да се случи сега да не плаќаат. Ова нема да поттикне подобрување на состојбите во стопанството. Зеќири вели дека пензискиот систем е пред колапс, и ако нема финансиски трансфери кон фондот нема да може да се исплатат пензии. - Потребни се коренити реформи за зголемување на вработувањето. Ситуацијата 1, 7 вработени на еден пензионер, додека во регионот е 3 спрема еден. Тоа е одржливо, а не е одржлива оваа ситуација во Македонија, вели Зеќири. Тој смета дека стопанството ќе се подобреше доколку државата си ги платеше обврските кон компаниите, а вакви паушални мерки нема да помогнат. Пратениците од Власта, пак го бранеа предлогот со ставот дека една одговорна и сигурна Влада е должна да носи антикризни мерки кои ќе помогнат во справување со кризата. - Се отпишуваат камати настанати токму во време на криза, што е обид да се вратат компаниите на добар колосек. Не гледам зошто негативна енергија и напади кон Владата која наоѓа начин да го води кормилото на вистински начин. Ова ќе помогне на ранливите стопански субјекти да ја надминат кризата, изјави пратеникот Јордан Бацков.
Слично

Поврзани вести