Изгласан составот на Комисијата за импичмент на Иванов
Во Собранието попладнево со 52 гласа „за“ и 33 „против“ е изгласана одлуката за формирање Комисија за оценување на основаноста на Предлогот за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов за одлуката за аболиција, поднесен од страна на опозицијата.
Комисијата се состои од 11 члена, а претседател ќе биде пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски, од чија пратеничка група ќе има уште пет члена, по два од ДУИ, од СДСМ и еден од ДПА. Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ кажа дека е важно да се формира оваа Комисија и таму да се дебатира врз основа на аргументи. Од СДСМ велат дека бројот на членовите и предлогот Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Комисијата не е соодветен. Тие сметаат дека во Комисијата треба да добијат три члена.
Продолжението на 103-та седница на Собранието е најавено за утре точно напладне.
