Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изгласан ребаланс - помош ќе добијат поплавените граѓани

Изгласан ребаланс - помош ќе добијат поплавените граѓани

Пратениците гласаа за ребаланс на Буџетот.

Во Собранието попладнево едногласно, со 82 гласа „за“ е донесен ребалансот на Буџетот за 2016 година. 

Со ова се обезбедуваат дополнителни 35 милиони евра за целосно обесштетување на поплавените домаќинства од 6 август годинава.  

Кирил Миноски, министерот за финансии рече дека се работи за судбината на илјадници граѓани на кои им е потребна помош. 

„Се надевам дека Министерството за финансии е подготвено и веќе од утре ќе почне да ги обесштетува граѓаните. Навистина има потреба од финансиски средства за овие граѓани и тоа што е можно поскоро“ - изјави Марјанчо Николов, пратеник од СДСМ.

Приходите во Буџетот се непроменети и се предвидува да се соберат 2,834 милијарди евра, а расходите се зголемуваат од 3,178 милијарди евра на 3,209 милијарди евра. И буџетскиот дефицит се зголемува од 3,6 на 4% и ќе изнесува 376 милиони евра, наместо 344 милиони евра. Ова е втор ребаланс на Буџетот по оној од јули годинава.

Слично

Поврзани вести