Изгаснат пожарот во Владата, причините се утврдуваат
Помал пожар изби утрово во зградата на Владата на ул. „Илинденска“. Со интервенција на неколку противпожарни возила, пожарот набрзо бил изгаснат.
Според првичните информации, пожарот избувнал во подрумските простории на владиниот објект. Извршен е увид и се очекува утврдување на причините за тоа како настанал пожарот.
Во Владата се уште се во тек работите на новата фасада, а неодамна објектот претрпе оштетување и од два проектили кои завршија во владината зграда.
Фото: Сител
Слично
