Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изетбеговиќ: Споро оди, но односите меѓу БиХ и Србија се подобруваат

Изетбеговиќ: Споро оди, но односите меѓу БиХ и Србија се подобруваат

Односите меѓу БиХ и Србија како и меѓу народите на овие држави значително се подобруваат иако повремено има проблеми смета бошњачкиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина и претседател на СДА, Бакир Изетбеговиќ 

Тој смета дека претседателот на Србија изминатите години испраќа позитивни сигнали, повикува на дијалог, како и дека со повремени проблеми, односите меѓу БиХ и Србија, како и меѓу Бошњаците и Србите се подобруваат.

Изетбеговиќ во интервју за Фактор.ба одговарајќи на прашање дали смета дека претседателот на Република Српска, Милорад Додик „на глас го изговарал она што Вучиќ го мисли“.

– Тоа оди мошне споро. Пред нас има уште многу отворени, нерешени прашања, како во односите меѓу двете држави, така и во односите меѓу двата народа. Би требало побрзо да ги решаваме. Со политиката, што ја води Додик и сличните на него и со таква реторика, тоа тешко ќе оди и верувам дека и Вучиќ е свесен за тоа, нагласи Изетбеговиќ.


Слично

Поврзани вести