Изетбеговиќ ги повика исламските земји да се ангажираат за БиХ, Додик повика на отцепување
Ги повикувам исламските земји да се ангажираат во БиХ и да ги надминат САД, изјави лидерот на бошњачката Партија на демократска акција (СДА), Бакир Изетбеговиќ.
Тој во интервју за Ал Арабија повика на посилно ангажирање на исламските земји во Босна и Херцеговина за да го надминат Западот предводен од САД, обвинувајќи го дека работи во интерес на Хрватите и Србите. Според него, Западот помага нештата да се решат со договор, со компромис на наша штета.
„Затоа е потребно посилно влијание на исламските земји за да се направи баланс. Исламските земји треба посилно да застанат со нас. Да покажат повеќе грижа“, кажа Изетбеговиќ за меѓународниот арапски информативен канал кој го финансира Саудиска Арабија.
Рече дека ситуацијата во политиката денес е слична на онаа од војната кога Западот наметна ембарго на оружје поради што „Бошњаците не можеа да се бранат“.
Вели дека владата на Соединетите Американски Држави ѝ попушта на српската страна поради војната во Украина.
„Пред сè ѝ прават отстапки на Србија за да ја одвлечат од Русија и (рускиот претседател Владимир) Путин)“, оцени Изетбеговиќ.
Рече дека тие одлучија фактички да ја отстранат од власта босанската, муслиманската партија, да доведат алтернатива од бошњачкиот корпус која прави отстапки на српската и хрватската страна кои станаа агресивни.
Кажа и дека на подрачјето на денешна БиХ низ повеќевековната историја никој не се изјаснувал како Србин или Хрват, туку дека сите биле „Босанци или Бошњани од различни вери“. Изетбеговиќ рече дека тоа се сменило под притисоци и влијание од Србија и Хрватска.
foto EPA
