Изетбеговиќ: Фрлена коска меѓу Хрватите и Босанците
Бакир Изетбеговиќ изјави дека идејата за формирање на трет ентитет во Босна и Херцеговина е само „френа коска меѓу Хрватите и Босанците“.
„Тој трет ентитет никој не би знаел ни да го нацрта. Каде би се повлекле линиите? Нема ништо од третиот ентитет. Но, рамноправност на луѓето и рамноправност меѓу народите ќе има. И Срби и Хрвати и Босанци“, кажа Изетбеговиќ во интервју за Н1.
Во однос на престојните избори во БиХ тој истакна дека очекува да се подобри позицијата на неговата партиј,а која во изминатите години била столб на подобрувањето и заштита на интересите на земјата, во однос на интересите на Белград и Загреб.
Во однос на прашањето што мисли за вложувањето од милијарда евра во модернизацијата на војската во Србија, тој истакна: „И Србија и Хрватска вложуваат во воена опрема и се фалат со тоа, но кога ние сакаме за вложување во воената модернизација, веднаш сме обвинети дека се спремаме за војна“.
