Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изет Зекири: Тодоров не треба да се извинува туку да го следи примерот на неговите колеги од цел свет

Изет Зекири: Тодоров не треба да се извинува туку да го следи примерот на неговите колеги од цел свет

Изет Зекири Професор по економски науки на ФБЕ при Штулов Универзитет за Фактор.мк говори за одговорноста на министерот Никола Тодоров во врска со случајот на Тамара, девојчето кое пред неголку дена почина поради деформитет на 'рбетниот столб.

„Министерот за здраство во владата на Република Македонија, треба да сноси одговорност за случувањата во здравствениот сектор во Република Македонија. Тој не треба да се извинува туку да го следи примерот на неговите колеги од целиот свет. Треба да ја има доблеста да признае дека целосно потфрлил тој и системот под негова контрола во заштита на здравјето на граѓаните на Република Македонија. На крај на краиштата тој фонд од кој се имаат над 200.000 евра потрошено годишно само за патни трошоци, репрезентација и службено возило, не е замислен како фонд кој треба да послужи за обезбедување на комотност на носители на власта, туку како солидарен фонд кој треба да излезе во пресрет на потребите на граѓаните на Република Македонија. 24.049.736 милиони денари (391 милони евра) е вкупниот буџет на овој сектор а за лекување во странство со буџет на 2015 имаат 180,000,000 милиони денари скоро 3 милиони евра парите се трошат а кутрите дечиња умираат. Па дури и да не бидат парите потрошени ниедна сума пари не вреди колку еден човечки живот.

Пред извесно време Тајвански министер за здравство даде оставка бидејќи се утврди дека имало недоследности при набавка на прехранбени производи по болниците. Тој поради морална одговорност, иако воопшто не бил вклучен во самите недоследности даде оставка и се врати на неговото претходно вработување како неурохируг. Заменик- министер за здравство на Литванија даде оставка бидејќи беше само обвинет дека инсистирал за негов пријател да обезбеди подобра позиција во Министерството.

Министер за здравство на Словачка даде оставка бидејќи имало сомнежи при набавка на опрема во една од болниците во државата. Во Онтарио Министер за Здравство даде оставка бидејќи некој вработен во неговиот сектор објавил податоци за платата на еден лекар. Слични случаи може да се најдат и во Чиле, Филипини и Шпанија. Пред неколку дена Министерот за здравство на Црна Гора даде оставка заради смртта на едно бебе во една болница во Државата.

Кај нас пак, скандали се објавуваат, луѓе умираат, правникот кој е Министер за Здравство одбива да прима граѓани, пациенти умираат и никој не сноси одговорност. Кога министерот и директорот на фондот би имале малку доблест и човечност би поднеле веднаш неотповиклива оставка, би се вратиле на нивните професии.

На крај на краиштата, Министерот за здравство ако имал време за полноќни посети по болници морал да најде време и за дневен состанок со загрижен родител кој поради грешки во тоа министерство го изгуби најдрагоцениот божји подарок за еден човек“.

Табела буџет 2015

slika lekuvanje vo stranstvo

Слично

Поврзани вести