Издигната оградата долга 3 километри на границата со Грција
Заврши изградбата 3 километри долгата ограда на границата со Грција, за да може подобро да се контролира протокот на мигранти од Блискиот Исток на пат за Западна Европа.
Целата е висока 2,5 метри и опкружена со бодликава жица. Таа беше поставена од страна на армијата на граничниот премин кај Гевгелија, во кој со месеци секојдневно минуваат по неколку илјади мигранти.
Почетокот на кревањето на оградата во саботата беше обележано со судири меѓу мигранти и македонските сили на редот во кои 18 полицајци беа повредени и неколку полициски и воени автомобили оштетени од фрлени камења. Македонската полиција одговори со шок бомби.
Огради не беа подигнати на други места долж границата, но властите не ја исклучуваат таквата можност.
