„Оваа надлежност произлегува од Законот за вработување и работа на странци и Законот за странци, подзаконските акти кои ја доуредуваат материјата и Одлуката за определување на квотите на работни дозволи за странци“, појаснуваат од Агенцијата за вработување.
Претходно, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи информираше дека од почетокот на годинава преку 3.000 странски граѓани добиле дозвола да работат во земјава на годишна квота од 5.000.
Во смаите комори од секторите угостителство, туризам и градежништво подолго време алармираат дека во недостиг на домашна работна сила, се приморани да посегнат по странски работници од Далечниот Исток, со барање уште повеќе да се либерализира пазарот на труд.
