Избувна пожар во патнички воз на македонски железници
За малку беше избегната експлозија, од пожарот што ја зафати локомотивата на возот во близина на фабриката МИК Свети Николе.
Огнените јазици целосно ја уништија локомотивата и уште три тони нафта кои биле во цистерната на локомотивата.
Возот патувал на релација Штип-Свети Николе и пренесувал околу 40 патници.
Противпожарните екипи ги евакуирале патниците и за среќа успеале да ја локализираат огнената стихија, пред да настане експлозија.
Моментно пет пожарникари од Светиниколската пожарникарска единица се на терен со две возила
Неофицијално пожарот избувнал откако се запалил моторот на локомотивата.
Слично
