Избришани над 11.000 фирми кои не поднеле годишна сметка за деловната 2013
Централниот регистар на Република Македонија во месец април избриша 11.015 фирми.
Има фирми од цела Македонија и со различни дејности. Постапката за бришење на трговците поединци и трговските друштва е спроведена поради тоа што до 31 декември 2014 година до Централниот регистар на Република Македонија не поднеле годишна сметка за деловната 2013 година и не поднеле пријава за упис на адреса на електронско сандаче за прием на писмена согласно член 21 од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на единствениот трговски регистар и регистарот на други правни лица.
Централниот регистар секој месец на својата веб страница објавува преглед на трговци поединци и трговски друштва кои се избришани.
Слично
