Економија, финансии, бизнис

Контакт

Избрани тројцата експерти во ДИК

Избрани тројцата експерти во ДИК

По жестоките преговори, четирите политички партии најпосле успеаја да се договорат и да го коплетираат составот на Државната изборна комисија.

Во ДИК како независни експерти влегоа Александар Чичаковски Реџеп Прекопуца и Атанас Урумов.

Александар Чичаковски е магистер на правни науки, Реџеп Прекопуца е дипломиран професор по албански јазик и магистер по применета политика и менаџмент, а Атанас Урумов е дипломиран политиколог и дипломиран правник.

Партиите денеска го усогласија само составот за ДИК, а воопшто не разговарале за Законот за медиуми и реформите во медиумскиот систем.

Лидерите Груевски, Заев, Ахмети и Тачи на денешната средба во Клубот на пратениците, го поздравија договорот и ги повикаа сите државни институции целосно да ја поддржат ДИК.

Слично

Поврзани вести