Избрани 20 најуспешни македонски менаџерки
Агенцијата „Марили“ традиционално и годинава ќе ги избере најуспешните жени менаџерки од Македонија и дијаспората.
По повод 20-годишниот јубилеј годинава ќе бидат прогласени 20 најуспешни менаџерки според веќе востановените критериуми - да доаѓаат од успешни приватни компании, од различни области и дејности и да се почитува нивната согласност да бидат дел од изборот.
Годинава за најуспешни се прогласени Маја Андреевска, менаџер и продуцент во „Мунлајт“ Продукција - Скопје, Марина Анчевска, генерален менаџер во Центарот за бизнис психологија - Скопје, Маја Босилковска, менаџер за кориснички услуги во „Орифлеим“ Козметика – Скопје, Лилјана Деловска, генерален менаџер во „Арт Дизајн - СДИ“ – Скопје, Бојана Димовска, генерален менаџер, ДПТ „РОНТИС“ Дооел - Велес, Весна Иваноска, генерален менаџер во „Сеавус“ - Едукативен и образовен центар -Скопје, Весна Игњатовиќ-Стојиљковиќ, генерален менаџер, ДООЕЛ и ПЗУ „ ДР. ВАИС“ - Скопје, Вал Јусуфи, генерален менаџер во „Леорон Груп“ – Скопје, Мимоза Конеска-Каимовски, генерален менаџер во Т.А. „Војажер“ - Скопје и Тања Милисковиќ, комерцијален менаџер во „Кромберг и Шуберт“ во Битола.
Останатите 10 најуспешни менаџерки се Весна Мицева-Тодоровска, генерален менаџер во Конгресен сервисен центар – Скопје, Васка Мојсовска, генерален менаџер „Агро Калем - Тимјаник“ – Неготино, Соња Петковска, извршен менаџер во Старски дом „Милица“ - Скопје, Антонија Ристовска, генерален менаџер во Ателје „Антонија Ристовска“ – Скопје, Искра Спироска Ивановска, менаџер, „Тим Консалтинг“ Доо – Скопје, Олгица Стојимировиќ, генерален менаџер, „ПромоИталија“ - Скопје, Олгица Стокуќа, менаџер во „Стокуќа“ Дооел – Скопје, Ксенија Чаминска, генерален менаџер во „Професионал Акаунт“ дооел – Скопје и Асмира Кочан, извршен менаџер во „Трансмет“ – Скопје,
Наградените ќе добијат признанија и статуетки, а по повод 20-годишниот јубилеј ќе бидат врачени статуетки и на уште 25 успешни жени за нивното менаџирање години наназад. .
Целта на изборот за најуспешни жени менаџерки е поддршка и афирмација на жената во бизнисот, на нејзината лидерска позиција во менаџирањето во компаниите, но и во општеството воопшто.
