Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗБРАНА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА - Малинка Силјановска-Николиќ ќе ја води КЗК, еве кои ќе бидат членовите

ИЗБРАНА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА - Малинка Силјановска-Николиќ ќе ја води КЗК, еве кои ќе бидат членовите

Собранието неодамна избрало нов претседател и членови на Комисијата за заштита на конкуренцијата, а за тоа известија и од самата институција.

Како што објавија и од самата КЗК на својата веб страница, за претседател на Комисијата за заштита на конкуренцијата е избрана М-р Малинка Силјановска Николиќ.

„За членови на Комисијата за заштита на конкуренцијата се избрани: Борче Размоски, Александар Тргачевски и Никола Трајчевски. Одлуката за именување на Претседател и членови на Комисијата за заштита на конкуренцијата објавена во Службен Весник на РСМ бр. 264 од 23.12.2024 година“, се вели во објавата на веб страната.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести