Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗБРАН ТИМОТ КОЈ ЌЕ РАКОВОДИ СО МАКСТИЛ СЛЕДНИТЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ - еве кој е во Одборот на Директори

ИЗБРАН ТИМОТ КОЈ ЌЕ РАКОВОДИ СО МАКСТИЛ СЛЕДНИТЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ - еве кој е во Одборот на Директори

Компанијата Макстил го избра тимот кој ќе биде дел од Одборот на Директори на компанијата во следните четири години. 

Компанијата својата одлука за избор на членови на одборот на Директори ја објави на Македонска берза. 

Од објавата може да се забележи дека во Одборот на Директори и понатаму се истите имиња.

Почнувајќи од 24 јануари 2026 година во Одборот избрани се Димитар Цветковски,  Марија Дуковска - Павловска, Луис Кристиан Карстенс, Стефано Грамиња, Пиетро Москети, Алесандро Казале, Александра Мишковска.

За независни членови на Одборот се избираат Стефано Грамиња и Александра Мишковска. 

Според објавата на веб страната на компанијата, може да се види дека во Одборот на Директори веќе се истите лица.

Марија Дуковска - Павловска е Генерален директор на Макстил и извршен член на Одборот. 


Димитар Цветковски е Претседател на Одборот на директори. 

Луис Кристиан Карстенс е Директор за економика и извршен член на Одборот на директори.

Стефано Грамиња , Пиетро Москети, Александра Мишковска Неизвршен и Алесандро Казале биле неизвршни членови на Одборот на директори. 


Фото: Архива и Принтскрин/Фејсбук


Слично

Поврзани вести