Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗБРАН ЕДНОГЛАСНО: Дачиќ повторно лидер на СПС!

ИЗБРАН ЕДНОГЛАСНО: Дачиќ повторно лидер на СПС!

За претседател на Социјалистичката партија на Србија (СПС) денеска на Конгресот на оваа партија, едногласно, повторно е избран Ивица Дачиќ.

Благодарение на довербата, тој напомена дека „започнува нова ера на таа партија“, пренесуваат српските медиуми.

„Не можеме понатаму гледајќи во ретровизор. Ова е нова етапа. Што е за во музеј, треба да иде во музеј“, рекол Дачиќ повикувајќи ги членовите на партијата доколку нешто се договорат, тоа да го исполнат како еден, бидејќи рекол: „заедно сме појаки“.

Ќе бидам на чело на СПС се додека имате политичка корист од мене, додека не бидам олицетворение на минатото, или нешто лосо“, порачал Дачиќ.

 Тој рекол дека долго размислувал дали да ја прифати кандидатурата и да остане на местото претседател, бидејќи како што кажал можеби дошло време за промени на тоа место.

Од друга страна, продолжил Дачиќ, не значи дека нема да се промени, туку од членовите на СПС ќе бара поголема дисциплина, одговорност и мудрост.

„Ќе барам нов дух на СПС на секое место“, изјавил Дачиќ.

 Дачиќ рекол дека ќе се труди партијата да постигне уште подобар резултат на следните избори, бидејќи, како што кажал, нивна цел се милион  гласови.

Додал дека ќе ја води партијата „така да ја сочува, и не само неа туку и идеите на социјалдемократијата и социјалната правда“.

Кога во текот на гласањето, е прашано дали некој е против или воздржан, присутните станале аплаудирајќи и скандирајки го неговото име, пренесува српски „блиц“.

Слично

Поврзани вести