Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изборот на специјалното обвинителство е доказ дека независно судство во Македонија не постои

Изборот на специјалното обвинителство е доказ дека независно судство во Македонија не постои

Очите на меѓународната заедница се фокусирани на македонското правосудство, бидејќи се забележува дека нема рамнотежа меѓу законодавството и извршната власт – истакна германската амбасадорка во Македонија, Кристина Алтхаузер, на денешната дебата во Скопје на тема (не)зависноста на македонското судство.

-Фактот што специјален јавен обвинител треба да работи на случаи кои во други земји се вршат во обичните обвинителства покажува дека нема доволна независност, рече Алтхаузер.

Амбасадорката ги повика луѓето што работат во правосудството самите да се запрашаат како сакаат да бидат третирани и што е правично и праведно.

Според неа, Македонија треба правосудството да го стави на патот кон Европа, бидејќи граѓаните заслужуваат да бидат заштитени на ефикасен начин и да бидат сигурни дека сите еднакво ќе бидат третирани пред законот, кој ќе владее во оваа земја.

Алтхаузер го критикувашеи Собранието за кое рече дека иако опозицијата се вратила, нема важни легислативни иницијативи.

Слично

Поврзани вести