Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изборот на нови пратеници од ДУИ почна, СДСМ нема да ги поддржи!

Изборот на нови пратеници од ДУИ почна, СДСМ нема да ги поддржи!

После првичното одложување на изборот на новите министри од партијата на Али Ахмети, Собранието ја почна седницата.

Од опозицијата ќе го бојктираат гласањето и нема да ги поддржат новите министри кои ги предложи ДУИ.

Пратеникот од опозицијата Петре Шилегов образложувајќи го ставот на неговата партија, рече дека СДСМ нема да гласа за новото сценарио на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ .

„ДУИ беше нем сведок и соучесник на партизирањето на институциите. Сега излегувате и велите дека сте спремни за реформи а година и пол по проектот Вистината за Македонија, не направивте никаква реформа“, изјави Шилегов.

Шилегов смета дека со ова сценарио ДУИ се обидува да се „испере“, но нема да може оти, како што вели Шилегов, биле не чисти туку се поцрни.

Имено, премиерот во владата за спроведување на изборите Емил Димитриев претходно соопшти дека две имиња од списокот на лидерот на ДУИ се спорни.

 Се работи за Арлинд Зеќири и Беким Максути кои беа на листата кандидати за нови министри и заменици министри,  но не и на предлогот на Димитриев, кој беше испратен денеска во Собранието. Се смета дека Максути е неприфатлив затоа што  во 2012 година во униформа на АРМ се поклонил пред споменикот на УЧК во Слупчане.

Ова Шилегов го искоментира, така што рече дека премиерот Емил Димитриев кој излегол херој кога ги одбил двајцата кандидати, предложени од ДУИ, не излегол доволно херој и сега ги тера да гласаат за сценарио.

Слично

Поврзани вести