Изборните модели ги скараа ВМРО и СДСМ
Власта предлага мнозински изборен модел а опозицијата пак вика Македонија да биде една изборна единица.
Поради оваа причина ВМРО и СДСМ денес пак се скараа.
Имено, премиерот Никола Груевски предлага плус 17 дополнителни пратенички места за онаа партија која ќе победи на изборите и потенцираше дека ова бил предлогот што партијата на власт го дала во рамки на разговорите за изборниот модел кои се во тек.
Премиерот истакна дека мнозински модел се применува во многу држави и истиот успешно функционира.
„Овој модел ние го имаме при изборот на градоначалници. Градоначалниците се избираат по мнозински систем, а исто така и пратениците од дијаспората. Така што имаме искуство со тоа, имавме искуство и во минатото и нашиот предлог е да се оди на мнозински систем затоа што до израз во голема мера доаѓа и личност која граѓаните ја бираат за пратеник, изјави премиерот Груевски
- СДСМ тврдат дека ќе бидат победници на наредните избори. Тоа е нивно право да го тврдат тоа, но доколку веруваат навистина дека ќе бидат победници, ние им нудиме да изгласаме закон со кој победничката партија кога ќе завршат изборите да добие плус 17 пратеници. Со тоа се формира стабилна влада и нема изговор потоа зошто не се реализирале некои проекти. Значи, таа стабилна влада ќе обезбеди четиригодишен мандат, ќе обезбеди да нема можност за уцени од некои помали партии, ќе имаат сериозно мнозинство, ќе имаат стабилност, државата ќе има стабилност и таа влада би можела да функционира целосно фокусирана на решавање на проблемите на граѓаните, рече Груевски.
СДСМ пак на премиерот му возврати така што му одговори дека стабилна Влада се обезбедува на слободни фер и регуларни избори, на коишто граѓаните без закани и уцени ќе ја изразат својата волја.
Oд опозициската партија побараа Никола Груевски да им признае на граѓаните и на јавноста зошто се плаши од нивното барање, што го поддржаа и СДСМ и останатите политички партии, Македонијада биде една изборна единица.
„Можеби, дека му се растура шемата на крадење избори?! Што нема да измисли Груевски откако е фатен со рацете во избирачките кутии. Денешната негова изјава доликува на дил ориентед политичар каков што е Груевски, кој од очај стана мета на потсмев“ велат од оваа партија.
