Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изборниот законик во фокусот на разговорите на Работните групи

Изборниот законик во фокусот на разговорите на Работните групи

Лидерите на четирите големи партии во земјава продолжуваат со преговори во рамки на изборните измени.

Според имплементацијата на договорот од Пржино и денес и утре ќе се преговара за избирачкиот список, ДИК, дијаспораат, и изборниот модел.

Засега според најавите на дел од партиите близу до решение се само за прочистување на Избирачкиот список, задолжителна активна регистрација од врата до врата, како и за составот на Државната изборна комисија.

Прашањето за дијаспората и нејзиното гласње засега е делот во кој власта и опозицијата немаат ниту малку приближени ставови.

Од опозициската партија СДСМ, сметаат дека дијаспората треба да има право на глас на изборите, но неопходно е да се направат одредени измени, во согласност со укажувањата на меѓународните организации и извештаи, изјави лидерот на партијата Зоран Заев.

– Нашинците во странство, кои им помагаат на своите семејства, но и индиректно ја крепат и економијата на државата, треба да имаат можност да влијаат и на процесите во државата. Затоа предлагаме решенија што ќе гарантираат демократски промени во гласањето на дијаспората и ќе бидат во интерес на сите граѓани – вели Заев.

Додека пак премиерот по ова прашање смета дека треба да остане правото на глас на дијаспората, бидејќи таа била  нераскинлив дел од македонското ткиво и силен подржувач на државата.

- Без оглед на причините поради кои се иселиле од Македонија, најголем дел од нив со душа и срце и помагаат на Македонија, ги следат настаните во Македонија, придонесуваат за развојот на Македонија. Оттука, би апелирал до сите политички партии да не се ускратува можноста не само на глас на дијаспората, туку и на нивни пратеници, рече премиерот Груевски .

Во врска со изборниот модел пак, опозициската СДСМ предлага Македонија да биде една изборна единица.

Изборниот модел со една изборна единица, според опозицијата ќе им овозможи еднаква шанса и на помалите партии да добијат гласови и да имаат можност да освојат пратенички места, а не како досега тоа да го прават само преку коалиција со поголемите партии.

ВМРО-ДПМНЕ пак е за класичен мнозински систем на гласање.

- Веќе долги години во Македонија имаме пропорционален систем со шест изборни единици. Од она што можам да го забележам тоа не прави никакви проблеми и системот е прилично добар. Ако веќе разговараме за промена на системот и ако сакаме да имаме некоја додадена вредност од оваа промена на системот, мислам дека воведувањето на мнозински систем на гласање е систем којшто може да биде нова додадена вредност. Ако се оди на промена, тогаш ставот на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде да се воведе класичен мнозински систем. Тогаш до израз доаѓа и личноста на пратеникот, не само партиската припадност, туку и личноста на секој пратеник и сите други предности коишто ги носи овој систем коишто и многу аналитичари во државата го предлагаат, рече премиерот Груевски на новинарско прашање за коментар за предлогот на Заев за пропорционален изборен модел, односно Македонија да биде една изборна единица заедно со дијаспората.

Работните групи засега се многу блиску до решение за ревидирањето на избирачкиот список.  Најверојатно ќе се договори решение коешто ќе значи целосна нова регистрација и создавање на нов изборачки список со биометрискиот отисок.

Слично

Поврзани вести