Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изборниот молк исчезна од Македонија до Австралија?

Изборниот молк исчезна од Македонија до Австралија?
Интернет портал на македонски јазик во Австралија веќе започна да објавува резултати од гласањето во оваа земја, иако во Македонија сеуште е на сила изборниот молк. Порталот Фаланга ги објави резултатите од гласањето во Мелбурн, а најави дека ќе го стори истото и со гласовите во Австралија. Неизвесно е кој го информирал порталот за гласовите и резултатите од пребројувањето уште пред да заврши изборниот молк во Македонија. Од невладината организација „Цивил“ изјавија дека станува збор за јасно прекршување на изборниот молк и дека во текот на утрешниот ден ќе излезат со подетални информации околу неправилностите. Информацијата за резултатите во дијаспората започна да се шири и на социјалните мрежи, каде што молкот ионака не важи. Со оглед на распространетоста на Фејсбук меѓу македонското население, молк на интернет практично и нема. И дел од порталите во земјава избраа да не го почитуваат изборниот молк со оглед на тоа што нивната содржина не се регулира. Освен ова, „Фокус“ забележа случај во кој Македонка која живее во Париз си го фотографирала гласачкото ливче и си го постирала на Фејсбук. Фотографирањето на гласачките ливчиња во Македонија е забрането со закон, а истите правила треба да важат и при гласањето во Франција, со оглед на тоа што изборниот процес се спроведува во македонската амбасада таму. Засега нема реакција од Државната изборна комисија дали ваквите случаи ќе ги третира како нарушување на избирачкиот процес. Македонската дијаспора за првпат гласаше на претседателски избори, а за две недели ќе се изјасни и на парламентарните.
Слично

Поврзани вести