Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗБОРНА МАТЕМАТИКА: На повидок решение на политичката криза?

ИЗБОРНА МАТЕМАТИКА: На повидок решение на политичката криза?
Со неочекуваниот предлог на СДСМ за прифаќање на методологијата за пречистување на списокот со избирачи, во замена за регулирање на медиумите според принципите и предлозите на Ванј Хојте, политичката криза е на добар пат да биде решена, сметаат познавачите. Иако се уште стојат нејаснотии на патот до конечната разврска ова сепак е голем чекор напред. Тимовите на ВМРО ДПМНЕ, ДУИ и ДПА во знак на добра волја би можеле да попуштат сметаат познавачите, а на тој начин партијата на власт може и да го бетонира датумот за избори, 24 април. Во услови на се уште послаба опозиција за ВМРО ДПМНЕ ова би можело да биде прифатлив предлог. Она што е нејасно во целата ситуација е со каква математика оди СДСМ кон ваква разврска, ако се знае дека анкетите се уште не покажуваат значајна предност на ВМРО ДПМНЕ, особено ако во следната фаза почне да доцни имплементацијата на договорите, како што и досега беше случај. Питер Ван Хауте вчера порача дека избори на кои не учествуваат сите партии се проблематични избори, а и тој најави приближување на ставовите.
Слично

Поврзани вести