Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗБОРНА КАМПАЊА: Првите пораки на Иванов, Пендаровски, Поповски, Халими?

ИЗБОРНА КАМПАЊА: Првите пораки на Иванов, Пендаровски, Поповски, Халими?
Некои со митинзи, други со директни средби со граѓаните. Со различни концепти но со иста цел стартуваше кампањата за претседател на Македонија. Вмро-Дпмне традиционално од Охрид, СДСМ од Скопје. Владеачката партија не отстапи од традицијата, со голем митинг во Охрид. Опозициската СДСМ на овие избори стартуваше со поинаков концепт, промотивна Конвенција во Универзалната сала. ИВАНОВ: Нема промена на Уставот ниту идеи што ќе го загрозат идентитетот. Традиционално, владеачката Вмро-Дпмне својата кампања ја стартуваше од Охрид. Претседателот на Паневропската Унија Алан Тереноар беше гостин на промотивниот почетен митинг на владеачката партија во Охрид. “Уште од нашите први контакти имав можност да ги забележам особените квалитети за претседателот Иванов како човек од универзитетската средина, тој совршено ја познава историјата на Македонија, на Балканот и на Југоисточна Европа како и односите на овие земји со остатокот на Европа и Медитеранот. Поикувањето кон историјата останува проритетен услов за успешно извршување на високите политички задачи“ – изјави Тереноар. “Пред пет години на ова место ви кажав дека со чист образ тргнувам да бидам претседател, денска, пет години подоцна повторно со чист образ тргнувам да ја освојам довербата на граѓаните на Македонија. Не случајно кампањата ни почнува од Охрид, во македонскиот Еурисалим, древен Охрид кој со векови ни дава енергија да истраеме како народ, со наш сопствен идентитет, во градот кој што со векови е наш светилник на верата и на слободата. “ – изјави претсеадтелот Иванов во Охрид и додаде: “Остварив преку 450 средби со претседатели, премиери, министри, државници, остварив повеќе од 100 официјални работни и неформални посети и учества на меѓународни настани, бев домаќин на над 40 официјални и работни посети на шефови на држави на Република Македонија. Упорно работев на остварување на нашите стратегиски цели. Бев и меѓу народот, во градовите и во селата. Мандатот го посветив на отворање на нови хоризонти за Република Македонија, за македонската економија, образование, наука, култура, уметност, спорт. Во се што правев не бев сам, и оддавам на Владата благодарност за тоа.“ рече Иванов. Спорот за името со Грција беше дел од неговиот говор. “И покрај сите притисоци и уцени, издржавме и ќе издржиме. Македонија е признаена под уставното име од 136 држави во светот, работите се менуваат и ќе продолжат да се менуваат. Полека но сигурно невистината се повлекува пред вистината. Нема ниту една држава ниту една влада и ниту една сила која може да им го оспори правото на Македонците да бидат Македонци. Ние не бегаме од дијалог, сакаме да соработуваме и покрај разликите. Нашата сила е во аргументите, меѓународното право и принципите. Каде и да одев, со кого и да се среќавав истакнував дека ние потребно решение но само во рамката што ја даваат резолуциите на Обединетите Нации, Времената спогодба и пресудата на Меѓународниот суд на правдата. Како претседетел нема да прифатам промена на Уставот со цел промена на уставното име на Македонија, нема да прифатам идеи и предлози што би го загрозиле македонскиот национален идентитет и македонскиот јазик. Нема да дозволиме македонските граѓани да бидат обезличени. “ – изјави претседателот Иванов. Чесен политичар, патриот, човек со став за клучните национални и државни прашања – ова е оценката на дел од функционерите на Вмро-Дпмне на првиот промотивен митинг на претеседателот Иванов. Според шефот на изборниот штаб на Вмро-Дпмне, Никола Тодоров во политиката е значајно што си направил, каки дела си оставил зад себе и дали си дал отчет за сработеното. Тодоров смета дека поддршката  за актуелниот претседател е преточена во кампањата “Тим на Македонија“ зад која застанаа спортисти, актери, музичари, доктори. Според Вмро-Дпмне актуелниот претседател и кандидат за нов мандат до сега лично се сретнал со повеќе од 5 000 граѓани. ПЕНДАРОВСКИ: Крај за погубните политики на поделба! “Македонија сум ја замислувал како модерна земја, со лудо модерна музика, која ќе се потпира на она што е народ, но во епохата во која живееме. Македонија сакам да ја видам како слободна и демократска земја во која граѓаните нема да се плашат од своите институции“ – рече уметникот и композитор Златко Ориѓански. “Не знаевме дека имаме слобода додека не се угуши. Често ја слушаме тезата дека претседателот е англиска кралица, но во последните пет години имавме многу моменти кога сакавме да го слушнеме претседателот а не можевме. Појавата на Пендаровски е ретка прилика, тој е динамична сила, човек со концепт, идеја и енергија и човек кој нема да поклекне под партиски или други интереси.“ – рече режисерот Слободан Унковски. Слична порака и од актерката Синоличка Трпковска на вчерашната Конвенција на СДСМ на која беше промовиран претседателскиот кандидат Стево Пендаровски. Да ставиме крај на погубните политики на поделба – порача Пендаровски во својот говор. “Да трегнеме заеднички кон подобра иднина, кон посреќен и подостоинствен живот за сите нас. Излегувам пред граѓаните со јасен концеп како можеме да ги оствариме нашите цели. Нудам концепт на активен претседател спремен да ги искористи сите уставни надлежности за зашитата на интересите на граѓаните на Република Македонија. Мојата визија за Македонија, како модерна европска демокатија е втемелена во 10 начела што ги промовирам, пред се деморкатските вредности, еднаквост, слобода и правда, и од нив немам намера да отстапувам и нема да правам компромиси со ниту една политичка сила . Македонија не засужува да биде окована во минатото, роб на нечии фрустрации, силно верувам  дека Македонија заслужува да оди напред.“ – изјави Пендаровски и додаде “Нема дилеми дека Македонија за секого од нас е најважната партија. Сакам да проговорам за нова опасност која се шири, меѓуетнички тензии сме имале и имаме денес, но ваков раскол никогаш не сме имале. Мојот став е дека иако власта се пресметува со сите, освен со партиските послушници, таа погубна политика на поделби да престане и никогаш да не се повтори. Не смееме да дозвоиме да продолжи иселеничката голгота, а тоа можа само ако оцениме дека спомениците не се поважни од граѓаните. “ – оцени Пендаровски во краткиот промотивен говор. Пред промотивниот говор, невообичаено до сега, се обрати сопругата на Пендаровски, Елизабета Георгиевска: “Стево го запознав кратко пред да ја загубам помалата сестра. Поминавме со часови зборувајќи како да продолжам да живеам со фактот на неповратна загуба како дел од животот. Маката направи побрзо да видиме една важна работа – дека мораме да продолжиме заедно. Двајцата потекнуваме од скромни семејства, каде трудољубивоста, човечноста и добрината се поважни од сè“ - рече Георгиевска и на завршницата од своето обраќање изјави: “Верувам дека Македонија го заслужува Стево“. На Конвенцијата која го означи стартот на изборната кампања на СДСМ, паријата ја промовираше и новата изборна химна. Опозициската СДСМ, во изборната кампања најавува директни средби и каравани меѓу граѓаните, без оддржување на митинзи. ПОПОВСКИ: “Храбро за Македонија“ Кандидатот за претседател на ГРОМ Зоран Поповски, заедно со лидерот на партијата Стевче Јакимовски и со Драгиша Милетиќ од СНСМ, ја почнаа кампањата за претседателските избори во кумановско Табановце. “Сакаме во Македонија да го воспоставиме политичкиот дијалог и да не бараме помош од меѓународната заедница, сакаме да го деконтаминираме судскиот систем од дневна политика, сакаме медиумите да бидат вистински слободни, граѓаните да бидат просперитетни“ – изјави Поповски. Националниот консензус за клучните прашања ќе биде приоритет во агендата на Поповски, доколку стане престседател на државата. Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски изјави дека во кампањата тргнуваат од Куманово, бидејќи е најголема општина во државата и во изборната единица 2. “Промовираме поинаква опција. Нам ни треба претседател, кој ќе им се допаѓа на граѓаните на Македонија и претседател со чија помош ќе се потрудиме да ја засилиме државата од внатре. Да имаме стабилни институции, правен поредок кој ќе овозможи еднаквост за сите граѓани, здравство, инфраструктура, функционална демократија, стандардот да се подигне на повисоко ниво. Тогаш кога ќе имаме средена држава ќе бидеме посакуван партнер на Европа и НАТО“ - рече Јакимовски Во кампања и Илијаз Халими Илијаз Халими под мотото “Единствен албански кандидат за шеф на држава“ кампањата ја почна во Скопје, од Чаир. Од партијата најавуваат дека средби со граѓани, без масовни митинзи. Велат дека ќе го применат принципот на од врата на врата, на директни средби со граѓаните. Партијата на Али Ахмети, ДУИ, која е дел од актуелната владеачка гарнитура,  иако не понудија свој кандидат за претседател и тие од тргнаа со политичкиот караван под слоганот „Не за едностран претседател“, со што како што информираа од партијата, ќе им појаснуваат на граѓаните зошто партијата ги бојкотира претседателските избори. Претседателската кампања ќе трае дваесет дена. Првиот круг од претседателските избори е закажан за 13-ти април, додека вториот круг ќе се одржи на  27 април, истовремено со предвремените парламентарни избори. Во него ќе влезат двајцата кандидати што ќе освојат најмногу гласови во првиот круг. Д.А.
Слично

Поврзани вести