Изборна кампања: Гасификација топ тема!
Гасификацијата станува топ тема во програмите на кандидатите за идни градоначалници. Поголемиот дел од нив ветуваат дека гасот ќе стигне во домовите на граѓаните токму за време на нивниот мандат во идните 4 четири години. Се чини, сепак дека во оваа работа најмногу досега постигна градоначалникот на Струмица Зоран Заев, кој беше пионер во оваа област, откако лани ја гасифицираше својата општина, по принципот на Виртуелна гасификација. Од останатите општини, гасификација има и во Куманово.
Коце Трајановски ветува гасификација на средните училишта, а приоритет ќе имаат општините без парно
Најамбициозниот план за гасификација на Скопје денеска го презентираше актуелниот градоначалник Коце Трајновски кој со ова ветување, бара втор мандат од Скопјани.
На денешната прес-конференција, Трајановски го презентираше проектот за гасификација на Градот и средните училишта кои се во нивна надлежност.
„Град Скопје ќе го продолжи процесот на гасификација на училиштата кои се во надлежност на Градот Скопје, бидејќи лани ги гасифициравме СУГС “Георги Димитров“ и “Здравко Цветковски”. Првичните резултати од овие две училишта од изминативе два месеци од кога се греат на гас, укажуваат дека постои голема заштеда. Следни училишта кои градот Скопје ќе ги гасифицира се СУГС “Арсениј Јовков” и “Зеф Љуш Марку”, каде првичните пресметки укажуваат дека тоа ќе чини околу 8,5 милиони денари“, изјави денеска Трајановски.
Тој посочи дека според стручните проценки, заштедата на училиштата ќе изнесува од 45 до 50 проценти, а целосната инвестиција ќе се врати за две години.
Трајановски не ги одмина ниту ветувањата за влез на гасот во домаќинствата во Скопје. Тој посочи дека приоритет ќе имаат оние населени места каде што нема централно парно и кои според него покажале најголем интерес за гасификација.
Стевчо Јакимовски ветува бесплатно приклучување на гасоводот за сите од Карпош
И актуелниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски кој е кандидат на Српската напредна странка за уште еден мандат на претстојните локални избори најави бесплатно приклучување на гасоводната мрежа за сите граѓани од општина Карпош кое ќе биде покриено од буџетот на општината.
Според него, први со греење ќе бидат снабдени населбите Тафталиџе 1 и Тафталиџе 2 и дел од Козле.
„Уште позначајно е тоа што трошоците за затоплување и за електрична енергија по секоја станбена единица ќе паднат до 50 отсто. Јас сметам дека ова е еден од најважните проекти кои ја очекува Општина Карпош во наредните четири години. Веќе ги подготвуваме проектите за дистрибутивната мрежа, и сме во постапка за добивање на лиценца. Откако ќе ја добиеме таа лиценца, веднаш започнуваме со инсталирање на гасоводната мрежа“, истакна Јакимовски.
Андреј Жерновски ветува целосна гасификација на Центар
Целосна гасификација најави денеска и кандидатот за градоначанлник на општина Центар од СДСМ, Андреј Жерновски, кој рече дека под негова управа сите станбени и деловни објекти ќе се поврзат со гасоводната мрежа.
Тој најави дека ако неговата програма ги добие гласовите, таа ќе биде насочена кон подобрување на примарните и секундарните услови за живот во Центар.
„Центар Гас“ ќе се вика новата фирма која ние доколку победиме ќе ја формираме и таа гасификација ќе биде во две фази, прво големите потрошувачи, а потоа и станбените згради. Ефектите ќе бидат за сите нас подобри, ќе се намалат пред се сметки за парното, а ќе се подобри и екосвеста кај сите нас“, изјави Жерновски.
Менде Диневски ќе донесе гас во Битола
И неговиот сопартиец, кандидатот за градоначалник на Битола Менде Диневски денеска го претстави својот тим и своите проекти со кои ќе ја бара довербата кај Битолчани.
Како прв на листата на како што ги нарече 16-те топ проекти, тој ја споменува токму гасификацијата на Битола.
„Суровата реалност вo која сите живееме стана наш сериозен предизвик,кој заедно со Вас ќе го премостиме. Кога денес се говори за Битола, гласот трепери, а срцето тагува, очите не веруваат. Токму затоа, драги битолчани – Време е! Време е заеднички да се избориме за нашата Иднина и на нашите поколенија да им оставиме општина во која вреди да се работи и живее, да се основа семејство и да се старее, рече Диневски.

Слично