Изборите во Грција се императив за целите на политичката стабилност
„Изборите се императив за целите на политичката стабилност. Со оглед на проблемите во владиното мнозинство, ситуацијата може да се нарече секако мирна, но не и стабилна“, изјавил министерот за енергетика Панос Скорлетис за телевизијата „Скај“, цитиран од агенциите.
Минатата недела една третина од пратениците од владејачката партија „СИРИЗА“ гласаа против позицијата на премиерот Алексис Ципрас за време на гласањето за третиот пакет за спас на земјата во износ од 86 милијарди евра, што го натера да смени неколку опозициските пратеници, за да биде прифатен предлогот. „Слични значителни загуби на парламентарно мнозинство се без преседан“, додал уште Скорлетис, поранешен портпарол на премиерот Ципрас.
Членот на Европскиот парламент Димитрис Пападимулис, кој е член на партијата на премиерот, исто така изјавил пред телевизијата дека е „веројатно и логично“ Ципрас да побара гласање за доверба а исто така, рече дека според него е веројатно да бидат одржани избори во следните месеци.
Најверојатно Ципрас ќе одлучи дали ќе свика таквото гласање по 20 август, кога е крајниот рок за последователното плаќање кон Европската централна банка (ЕЦБ).
