Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗБОРИТЕ ОТКАЖАНИ, АБОЛИЦИЈАТА УКИНАТА: Има услови за политички дијалог

ИЗБОРИТЕ ОТКАЖАНИ, АБОЛИЦИЈАТА УКИНАТА: Има услови за политички дијалог

Со исполнување на двата основни предуслова а тоа е одлагање на изборите и повлекување на аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов за којашто се исполнети минимум условите за да отпочне политичкиот дијалог. Ова денеска го изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов запрашан дали во текот на неделата е можна лидерска средба .

„СДСМ смета дека политичкиот дијалог како начин на излез од оваа криза е неопходен како би можеле уште есенва да организираме слободни, фер и демократски избори. Прашањето за обезбедување на тие услови се неколку, доколку се има политичка волја тоа може да се разговара и да се договори во текот на неколку дена, да влеземе во сериозна имплементација на тие услови и да ја надминеме политичката криза во државата“, вели Шилегов.

Тој вели дека партијата на Никола Груевски бега од  исполнување на услови за фер, слободни и демократски избори.

 „Тие се единствената политичка структура на којашто ваков тип на избори не им одговара затоа што во криминалните очигледно е дека добро се снаоѓаат. За нас во моментов не е до крај битно кое ќе биде нивото на политичката комуникација, битно е таа да се оствари за да се надминат овие недоразбирања за организирање на слободни, фер и демократски избори“, посочува опозицискиот портпарол.

Шилегов за ставот на Ахмети кој пред неколку дена изјави дека не се возможни изботи во септември, вели дека  ако се договорат за  договорат условите и почнат со имплементација нема зошто да биде незовможно.

„Желбата и политичката волја се категории кои очигледно не се присутни кај владејаките структури. Нив им одговара да се задржи сатус кво, нив им одговара Република Македонија да нема фер, слободни и демократски избори“, дециден е Шилегов.

Слично

Поврзани вести