Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изборите одложени, СДСМ ќе бара автентично толкување на аболицијата

Изборите одложени, СДСМ ќе бара автентично толкување на аболицијата

Изборите за 5 јуни се одложени, а СДСМ ќе бара автентично толкување на Законот за помилување.

Ова попладнево го најавија пратениците Горан Сугарески и Петре Шилегов од собраниската говорница. Тие сметаат дека одлуката на Иванов, е донесена врз непостоечки член и  велат дека наскоро, со гласање во Собранието всушност ќе се покаже кој точно од пратениците и која партија е против аболицијата вистински.

Пратениците  изгласаа дека нема да се одржат избори на 5 јуни, гласајќи по предлогот за измени во Изборниот законик на Талат Џафери од ДУИ.

Со 96 „за“ Собранието го донесе Законот за изменување на Изборниот законик.

Се бришат уште два члена од законот со кои се укинува забраната за владино рекламирање пред избори.  Џафери објаснува дека ова е привремено, а потоа кога ќе се дефинира датумот за избори, оваа забрана повторно ќе се воведе.

Слично

Поврзани вести