Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изборите ќе се одложат, Чавков и Спасов повторно министри

Изборите ќе се одложат, Чавков и Спасов повторно министри

По одлуката на Уставниот суд, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски денеска свика седница за одлагање на изборите закажани за 5 јуни, но без конкретен датум за нивно спроведување.

Ова е по предлог на пратеникот на ДУИ, Талат Џафери. Митко Чавков и Диме Спасов се изгласани за министри за внатрешни работи и труд и социјална политика.

Тие ги потпишаа свечените изјави со што и официјално стануваат министри. По гласањето СДСМ ја напуштија седницата на Собранието која итно ја свика спикерот Вељановски.

Премиерот Емил Димитриев објаснува дека нивното назначување е  врз основа на тоа дека нема да има избори на 5 јуни.  Ова следеше по констатирањето на оставките на сите министри и дополнителни министри од СДСМ.

Лидерот на ЛДП,  Горан Милевски го праша техничкиот премиер, Емил Димитриев зошто тој не поднесува оставка ако одлагањето на изборите е причина да се прифатат оставките на министрите и да се изберат нови. Милевски додаде дека и неговиот избор за премиер е дел од договорот за формирање Влада чија цел е организирање избори во рок од 100 дена.

Слично

Поврзани вести