Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изборите ќе чинат 7.5 милиони евра

Изборите ќе чинат 7.5 милиони евра

Изборите ќе чинат 7.5 милиони евра, соопштуваат од Државната изборна комисија.

Оттаму објаснуваат дека доколку избори се одржат и со една партија, буџетот ќе биде ист.

Од оваа сума 40 милиони денари, ќе бидат потрошени за печатење ливчиња, обрасци, записници и упатства. За транспорт се предвидени 10 милиони денари, а за печати, перничиња, за сигурносни ленти и за паравани, како и за УВ-ламби и спреј 9,2 милиони денари.

Печатењето на избирачкиот список ќе чини 4 милиони денари, превозот на членови на изборачките одбори во ДИК на денот на гласањето  ќе чини 25 милиони денари, а 9 милиони денари се за транспорт на доверлив и недоверлив материјал и 9 милиони за чување доверлив материјал.

Планирани се 25 милиони денари за избирачките одбори во дијаспората, кои  нема се потрошат затоа што во дијаспората нема да има гласање.

Слично

Поврзани вести