Изборите ќе бидат на 4 или 11 септември, тврдат од ПЦЕР
Партијата за целосна еманципација на Ромите ПЦЕР, нагласува дека од свои извори дознава дека изборите ќе мора да се одложат, а спикерот Трајко Вељаноски ќе мора да закаже седница и да ги повика пратениците.
На таа седница, велат од ПЦЕР, ќе се донесе одлука за одложување на изборите и продолжување со работа до датумот на изборите, што ќе значи и завршување на договореното со договорот од Пржино.
„За распуштањето на Парламентот ќе се донесе одлука откако ќе се утврди датумот на избори односно 4 или 11 септември, значи на 60 дена пред избори“, велат од ПЦЕР.
Од партијата велат дека изборите мора да се одложат и да се направи правилна и точна проверка на гласачите. Сметаат дека проверките кои се прават на гласачите се сомнителни и катастрофални.
