Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗБОРИ ВО ТУРЦИЈА: Води Ердоган!

ИЗБОРИ ВО ТУРЦИЈА: Води Ердоган!
Партијата за правда и развој на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган води пред опозицијата на денешните локални избори во земјата, покажаа првичните неофицијални резултати. На национално ниво, партијата на Ердоган освоила околу 48% од гласовите. Засега нема конкретни информации што точно ова значи во градоначалнички места. Овие избори се сметаат за клучни за Ердоган за проверка на неговата доверба меѓу гласачите, во услови кога турскиот премиер е на удар на остри критики заради корупциските скандали што ја потресуваат неговата Влада, но и заради ограничувањето на слободата на интернет. Гласањето денеска не помина без инциденти, а во судири на кандидати во општините во близина на турско-сириската граница, осум лица го загубија животот, а 20-тина се повредени.
Слично

Поврзани вести