Економија, финансии, бизнис

Контакт

Избори во Србија, се гласа во мирна атмосфера

Избори во Србија, се гласа во мирна атмосфера

Во соседна Србија денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори.

Избирачките места се отворени во 7 часот, и ќе бидат затворени вечерва во 20 часот. Право на глас во земјата имаат 6.739.441 гласач. Гласањето тече во демократска атмосфера согласно сите меѓународни стандарди.

За 250 места во Собранието се борат 3270 кандидати, претставени во 20 партиски листи. Експерти и аналитичари едногласно прогнозираат победа на коалицијата “Александар Вучиќ – Србија победува”.

Повеќето политички аналитичари сметаат дека токму Вучиќ е иницијатор на спроведување на избори две години порано, за да се консолидира власта, користејќи го моментот кога неговата партија е најпопуларна. Во текот на кампањата тој повеќепати изјави дека стратешка цел на неговата партија е членството на Србија во ЕУ, зачувување на добрите односи со Русија и привлекување на инвестиции.

Овие избори се 11-те по воведувањето на повеќепартискиот систем во 1990 година, седми предвремени во земјата и трети за последните неколку години.

Слично

Поврзани вести