Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗБОРИ ВО ГРЦИЈА: Сириза продложува да управува, Ципрас на власт со моќна поддршка!

ИЗБОРИ ВО ГРЦИЈА: Сириза продложува да управува, Ципрас на власт со моќна поддршка!

Врз основа на повеќе од 50 одсто од пребројаните гласови, на изборите во Грција најмногу гласови освоила Сириза на Алексис Ципрас -35,54 одсто, а Нова демократија е втора со 28,07 одсто гласови. Лидерот на Нова демократија Евангелос Меимаракис го призна поразот на изборите. Како к7што наведува Ројтерс, истакнал дека сега е преоритет формирање на влада и му честитал на Ципрас.

Претходно се објавени изборни анкети на пет телевизиски станици според кои Сириза освоила помеѓу 34 и 30 одсто гладови а Нова демократија помеѓу 32,5 и 28,5 одсто.

Според комбинираната анкета на пет телевизиски станица, Сириза ќе добие помеѓу 33 и 35 одсто од гласовите, а Нова демократија помеѓу 28,5 и 30 одсто, пренесеува Гардијан.

Анкетитре покажуваат дека десничарската Злата зора е трета со резултат помеѓу 6,5 и осум гласови.

На Грците ова им е трет пат оваа година да излегуваат на избори, после парламентарните оизбори во јануари кои на власт го доведоа Сириза и премиерот Ципрас, и референдумот во јули, на кој гласачите ги отфрлија предлозите на странските кредитори за реформи, за да Владата на Ципрас малку подоцна повторно ги усвои.

Слично

Поврзани вести