ИЗБОРИ: Студентите не заслужуваат кукавичко раководство!
На студентите им е потребно раководство кое ќе биде избрано на отворен, транспарентен и легитимен начин. Тоа значи раководство избрано на демократски начин кое пред сè ќе работи за интересите на студентите, а не за други лични интереси. Раководство кое ќе го слуша гласот на студентите, а не да го игнорира. Раководство кое нема да го потиснува младинското учество, туку напротив ќе го промовира и зајакнува.
Раководство кое нема да се крие зад в.д. функции и измислени правилници, без поддршка, туку легално и легитимно ќе ги претставува студентите. Тоа е императив, а веднаш потроа мора да се пристапи кон креирање на цврсти контролни механизми кои треба да бидат продукт на еден опсежен и инклузивен процес- вака претседателот на Националниот младински совет, Дамјан Николовски за Фактор ја опишува потребата од сериозно младинско организирање во студентските редови. Последните случувања со спроведувањето на изборите за ново студентско раководство на СПУКМ вели се уште еден показател дека младинското учество, еднаквите можности, вредностите на кои се темели младинското здружување како и безбедноста на младите се загрозени и истите мора најостро да се осудат.
“Националниот младински совет изрази длабоко разочарување околу целата постапка на спроведување на изборите за нов претседател на СПУКИМ. Побаравме веднаш да се поништат нерегуларните и нетранспарентни избори како и Ректорската управа на УКИМ да се произнесе за транспарентноста и демократичноста на овие избори, да се произнесе за легитимитетот на новоизбраниот Претседател на УКИМ и да преземе одговорност за ограничувањето на младинското учество”- вели Николовски.
Формирањето на Комисија која треба да утврди што се случи за време на изборите како и онаа претходно за да се најде евентуален нов модел за статутарни измени во делот на студентското организирање преку поголема контрола, според Николовски не треба да биде само декларативна заложба туку обврска работите да добијат разрешница.
“Ако досега нешто се покажало како точно, тоа е дека декларативни заложби и поддршки никогаш не донеле некаква вистинска промена. Доколку сакаме да видиме резултати кои навистина ќе го подобрат студентското организирање и претставување, тогаш потребно е на маса да седнат сите засегнати страни, а особено самите студенти, и да преку опсежни анализи и консултации да создадат документ кој ќе го дефинира нивното организирање и претставување, и во себе ќе вклучува силни контролни механизми кои нема да дозволат ниту можност за злоупотреба на положбата ниту узурпирање на претставничкото тело од било кого.”- додава претседателот на Националниот младински совет.
Дополнително вели изборот за нов Ректор не требаше да се случи во отсуство на легитимни претставници од страна на студентите бидејќи сето ова фрла дамка во процесот на изборот, а со тоа врз целата репутација на УКИМ. Младите мораат да бидат вклучени во носењето на одлуките во кои тие се засегнати и за ова не треба да се прави компромис. Гласот на студентите е круцијален бидејќи на крајот на денот тие ги чувствуваат сите одлуки донесени во академската заедница.
“Процесот за избор на Ректор се случи и не можеме да го вратиме назад. Во периодот што следи потребно е УКИМ и Ректорската управа да го преиспитаат работењето на СПУКИМ и да не дозволат во иднина ова да се случи. Во таа насока без легитимни претставници во студентското организирање овој глас не е релевантен, нема тежина и не се води според интересите на студентите. Автономијата на Универзитетот мора да остане недопрена и надвор од дневно-политичките игри. За жал загрижени сме околу случувањата во последните неколку години кое кулминираше со нелегитимни претставници на студентите за избор на ректор и оваа пракса треба да престане”- нагласува Дамјан Николовски.
Секоја јавна политика која ги тангира младите, според Николовски треба да биде донесена преку инклузивен и отворен процес кој опфаќа анализа на потреби и консултации, а праксата на брзо носење на закони во клучни сектори за младите како образованието не смее да продолжи.
“Во случајот со основањето на новиот универзитет “Дамјан Груев” отсуствува анализа за потребата на истиот која нема да се базира на декларативни заложби туку со конкретни бројки и факти ќе служи како поткрепа на истиот како и анализа на квалитетот на досегашните дисперзирани студии. Исто така смее да продолжи. На овој начин, само привидно се зголемуваат можностите, за сметка на што всушност се девалвира самото високо образование и константно се намалува неговиот квалитет. Позади оваа реформа не постои детална анализа за потребите на истата, а таа опфаќа и анализа на побарувачката на пазарот на труд кој би требало да ја диктира понудата на програми во високото образование. Високите стапки на запишани млади на факултетите секако не придонесуваат кон одржлив развој на нашето општество, ако притоа на високообразовниот кадар не може да му се обезбеди соодветно место во пазарот на трудот”- смета Николовски.
Политичката криза според него трае предолго и влијае врз сите процеси во земјата вклучително и младите и затоа потребно е што побрзо да се реши. Затоа Националниот младински совет како најголемо претставничко тело на младите апелира да бидат активни, да се вклучат во општествените текови, да имаат критички став и конкретно и суштински значајно да преземаат акции.
С.Б.

Слично